Вело Свет

Светот на Вело Хело е шарен и модерен, отворен за сите велосипедисти, еко фрикови, за другар(к)и и колеги кои сакаат да одберат кул и практичен поклон, родители кои им даваат добар пример на нивните најмили и сите вие кои се пронаоѓате во овој наратив.

Позади оваа приказна стои девојка со искрена желба да му даде нова енерија на велосипедизмот во Скопје и да ја долови нејзината визија за концептуална вело продавница. Со впечатливиот дизајн на Вело Хело ќе ве одведеме некаде ”надвор” a од изобилството на бои и модели ќе ви помогнеме да го направите вистинскиот избор.