Услови на користење

ВЕЛО ХЕЛО

ЕМБС: 4053575

ул. „Коста Шахов“ бр.6

1000 Скопје

Република Северна Македонија

+ 389 222333555

helena@velohelo.com

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА ВЕЛО ХЕЛО

ВЕЛО ХЕЛО (во натамошниот текст „ВЕЛО ХЕЛО“) ви се заблагодарува за вашиот интерес за нашите производи и за посетата на нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“), како и за вашата комуникација со нас преку електронската пошта. Пристапот и користењето на страницата на ВЕЛО ХЕЛО истовремено значи и прифаќање на следните услови.

Информациите што се пласираат на страницата се од јавен карактер и се користат само за информативни цели.

ВЕЛО ХЕЛО постојано вложува максимални напори за да обезбеди оптимално работење и квалитет на страницата, со цел информациите да бидат точни и ажурирани, како и навремено да ги отстрани повремените технички грешки или неточни информации.

Перцепцијата за дадените информации може да зависи од различни фактори, вклучително научни, деловни, економски и финансиски, и во врска со ова посетителите на оваа страница треба да бидат свесни за ризиците поврзани со погрешното толкување и интерпретирање на дадените информации.

Посетителите на страницата се свесни дека на сопствен ризик пристапуваат кон оваа страница, како и кон која било друга веб-страница поврзана со оваа страница.

ВЕЛО ХЕЛО, како и секое друго правно лице кое учествувало во изработката, реализацијата и во одржувањето на оваа страница, КАТЕГОРИЧНО ОТФРЛА одговорност за каква било директна, индиректна, инцидентна, последователна или казнена штета што произлегува или што може да произлезе од пристапот, користењето или од неможноста за користење на нашата страница или на веб-страниците поврзани со оваа страница, како и за оштетување на компјутерската опрема или на кој било друг имот на корисникот.

ВЕЛО ХЕЛО се одрекува од секаква одговорност за штета предизвикана од директно или од индиректно дејство или неактивност што сте ги презеле врз основа на информациите, услугите или содржината на оваа страница.

Иако се трудиме информациите на оваа страница да бидат точни, целосни и навремени, ние не даваме никакви гаранции и КАТЕГОРИЧНО ОТФРЛАМЕ каква било одговорност за претрпена штета или загуба која произлегува од неточни, нецелосни и од ненавремени информации на веб-страницата.

ВЕЛО ХЕЛО го задржува правото во кое било време, од која било причина и без претходно известување да изврши промени во содржината на страницата или целосно да го прекине нејзиното функционирање, со што не презема одговорност за можните последици од ваквите промени.

Оваа страница може да биде поврзана со други веб-страници на кои може да пристапите. ВЕЛО ХЕЛО отфрла секаква одговорност и не им гарантира на посетителите кои пристапуваат на другите веб-страници за точноста, автентичноста и, генерално, за кои било други информации содржани на веб-страниците на трети страни. Затоа препорачуваме посетителите на овие веб-страници да се информираат за правилата на употреба и користење, вклучувајќи ги и политиките за приватност што важат за овие трети веб-страници.

Оваа страница содржи материјали, вклучувајќи текст, трговски марки, фотографии, филмови, PDF-датотеки и други слики и звук, кои се заштитени со авторски права или со други права на интелектуална сопственост. Овие права се сопственост на ВЕЛО ХЕЛО или се лиценцирани од сопствениците на правата за да може да се користат како дел од оваа страница. Секое репродуцирање, пренесување, копирање, репликација или употреба на овие материјали не е дозволено без писмено одобрение од ВЕЛО ХЕЛО. Барањето за употреба мора да го испратите до ВЕЛО ХЕЛО на следната електронска адреса: helena@velohelo.com